Бројот на починатите од коронавирусот во САД се искачи на 2.513 лица, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ до 8 часот по локално време во понеделникот, односно 14 часот по македонско време.
Количеството регистрирани случаи на инфекции во моментов во Соединетите држави изнесува 143.000 луѓе.
Најголем број смртни исходи се забележани во градот Њујорк – 776 лица, а следи градот Кинг во сојузната држава Вашингтон со 144 смртни случаи.
Бројот на оздравените лица во САД изнесува 4.865 луѓе.