Бројот на мртвите во терористичкиот напад во саботата во сомалиската престолнина се зголеми на 76, објавија болнички извори, кои очекуваат црниот биланс да се зголемува.
„Потврдено е дека има 76 мртви и 70 ранети. Бројките би можеле да бидат и поголеми“, рекол за агенцијата AFP, директорот на службата за итна помош, Абдулкадир Абдурахман Хаџи.
Директорот на болницата Медина Мохамед Јусуф рекол дека според неговите информации во нападот се убиени 73 лица, а по нападот со камион бомба врз контролен пункт во Могадишу биле донесени 54 ранети, пренесеува агенцијата DPA.
Сомалискиот пратеник и поранешни министер за внатрешни работи, Мохамед Абдизирак, пак, тврди дека се убиени повеќе од 90 луѓе.
Градоначалникот на Могадишу, Моар Мухамед изјавил дека повеќето од настраданите се студени, пренесува Reuters.
Полицијата засега не го објави бројот на загинатите. Властите претходно на медицинскиот персонал му кажале да не ја откриваа бројката мртви, како што правеле порано, а на новинарите им е забранет пристапот до местото на нападот.