Бројот на загинатите во последиците предизвикани од одбилните дождови и поплавите кои ја погодија изминатата седмица централната кинеска покраина Хенан, во неделата се зголеми на 63 луѓе а уште пет лица се водат како исчезнати а од загрозените области се евакуирани повеќе од 860.000 лица, соопшто покраинската влада.
„Од 16-ти јули до 12 часот по локално време на 25-ти јули поради продолжените врнежи дождови во зоната на природната катастрофа се најдоа 11,44 милиони луѓе, бројот на жртвите достигна 63 а пет лица се водат како исчезни, вкупно во покраината веќе се евакуирани 861.900 луѓе“, се истакнува во соопштението на властите.
Се додава дека на уште 296.000 луѓе им е потребна итна помош. Земјоделските површини кои се погодени со невремето се проценуваат на 876.600 хектари, а уништени се 8.876 објекти.
Локалнуите власти ширум провинцијата го подигнаа нивото на операцијата за итен одговор на природни катастрофи на највисокото ниво, со речиси 200.000 лица вклучени во операциите за справување со поплавите, во операциите за потрага и спасување, во кои се вклучени пожарникари и спасувачи.
Во многу населени места во покраината, особено во градот Женгжу, снабдувањето со електрична енергија и вода сѐ уште не е обновено, а во многу области сѐ уште не се објавени комуникациските врски.
Обилните поројни дождови ја погодија покраината Хенан во централна Кина на 17-ти јули. Градот Женгжу ги претрпе најголемите штети, а на неколкуметеоролошки станици во градот се регистрирани историки извештаи за просечни дневни врнежи. Метеоролошките служби наведуваат дека станува збор за најобилниет врнежи во еден ден од почетокот на мерењата пред 60 години.