Денес се регистрирани 276 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.301, оздравени се 249 пациенти а пријавени се десет починати лица.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.720 тестирања, а регистрирани се 276 новислучаи на КОВИД-19:
Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 35, Прилеп – 22, Кавадарци – 18, Штип – 9, Велес – 8, Куманово и Делчево – по 7, Кочани и Ресен – по 6, Берово, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе – 2, Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Двелица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.