Речиси половината од повеќе од 3,4 милиони починати досега пријавени во текот на пандемијата на Covid-19 во светот се случиле во Америките, но вистинските бројки би можело да бидат поголеми, предупреди во средата Панамериканската здравствена организација (PAHO).
Минатата седмица Светската здравствена организација (СЗО – WHO) соопшти дека смртноста од Covid-19 значително се потценува во целиот свет.
„Според новите проекции, многу повеќе луѓе умираат од компликациите поврзани со Covid-19 или од индиректното влијание на пандемијата, како на пример, прекинот на функционирањето на освните услуги, кои го загрозиле нивното здравје“, изјави директорката на PAHO, Карис Етјене.
Во 2020 година смртноста достигнала 1,8 милиони луѓе, но сега се проценува дека вистинскиот број смртни случаи предизвикани од коронавирусот е приближно на 3 милиона, што е речиси двонно повече отколку минатата година.
„Загрижувачки е што половината од овие смртни случаи се случиле тука, во Америките, што укажува на преголемото влијание коешто оваа пандемија го имаше во нашиот регион“, додава Етјене.
Минатиот петок бројот на жртвите од Covid-19 во Латинска Америка надмина милион луѓе, а пандемијата се влошува во регионот со највисоката стапка на смртнсота по глава на жител во светот.
Директорката на PAHO вели дека бројките на заразените и починатите од Covid-19 во Латинска Америка достигнале загрижувачки високо ниво, како и дека земјите во регионот минатата седмица биле меѓу петте со највисока стапка на смртноста во светот.
Чиле, Пери и Парагвај забележале пад на бројот на новозаразените, но Уругвај, Бразил и Аргентина повторно бележат раст на коронаинфекциите, додека Боливија бепежи драстичен на смртноста, предупредува Етјене.
Многу луѓе во регионоте повеќе не се придржуваат до епидемиолошките мерки против Covid-19, предипредуваат од PAHO.
Организацијата предупредува и на новата закана. Индискиот сој на короанвирусот е идентификуван во десет државо во Америка, главно поврзани со меѓународни патувања, вели менаџерот во PAHO, Силвејн Олдигиери,
Случаите се откриени во Северна, Средна и Јужна Америка, како и на Карибите, иако ниедн прнос од заедницата не поврзан со овој сој. Иако е позаразен, нема догози дека индиската мутација е посмртоноста од оние соеви кои веќе се присутни во Америките.
Научните истражувачи од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил во средата објавија дека откриле нов вид на коронавирусот SARS-CoV-2, варијантата P4 која е од непознато потекло. Прво била откриена во примерок од Мокока, општина во Сао Паоло, по што стана широко распространета во Порто Фереира. Сѐ уште не е можно да се утвди дали е позаразна или поопасна од оригиналниот вирус.