Бројот починати во САД надмина 40 илјади

Бројот на починатите од коронавирусот во неделата во САД се искачи над 40.000 луѓе, што е најголем показател во светот и речиси двојно повеќе отколку во Италија која е втората најпогодена земја во светот, покажуваат податоците на агенцијата Reuters.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, произлезени од извештаите на сојузните и локалните статистики, бројот на починатите лица во САД надминал 40.585 лица. Бројот на заразените, пак, бројот на заразените изнесува 742.442 лица

По порвиот потврден смртен случај од Covid-19 на 29-ти февраури, САД во следните 39 дена до 6-ти април ја достигнаа бројката од 10.000 мртви, а во следните пет дена овој црн показател се зголеми за уште 20.000 жртви на заразата со коронавирусот. Во наредните четири дена бројот на смртните исходи од 30.000 се зголеми на над 40.000 лица, откако се прододадени нетестираните смртни случаи кои веројатно се последица од заразата а се пријавени во сојузната држава Њујорк.

САД имаа несомнено најголем број случаи на заразени со короанвирусот во светот, со повеќе од 744.000 пациенти. Но во саботата беа приајвени 29.000 нови случаи, што беше најнизој пораст на овој показател во последните три дена.

Повеќе од 22 милиони Американци се пријавиле за надомест за невработени во март, додека затворањето на деловните активностите и училиштата, како и забраните за патувања ѝ нанесоа жесток удар на американската економија.

Гувернерите на сојузните држави кои се најсилно погодени од коронавирусот, главно демократи, се во судир со републиканскиот претседател Доналд Трамп во врска со нејзините изјави дека имаат доволна тестови и дека брзо треба да ги отворат економиите на своите држави, додека сѐ повеќе се протестите а во најава се и нови поради продожување на карантинот.

Дражвите Мериленд и Вирџинија, како и областа на главниот град Вашингтон сѐ уште се справуваат со зголемениот број на случаите на зараза. Њу Џерси во неделата објави дека бројот на тамошните случаи на коронавирусот се зголемил за речиси 3.900, што е најмногу во изминататите две седмици. Метрополите Востон и Чикаго, исто така, стануваат нови жаришта на заразата со неодамнешниот пораст на заразените и смртните исходи.

Неколку сојузни држави, меѓу кои Охајо, Тексас и Флорида, соопштиај дена имаат намери повторни да ги отворат одредени сектори од нивните економии, на 1-ви мај но можеби и порано, но и натаму ја сочуваат состојбата на претпазливост.