Бројот случаи на Covid-19 и натаму расте во Европа, во светот близу милион починати

Бројот на случаите на зараза со новиот оронавирус продолжува да расте во Европа, додека светот се приближува до бројката од милиони држави од болеста Covid-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2.

Шпанија се соочува со новиот брана на коронаинфекциите и досега забележе повеќе од 700.000 случаи, и над 31.000 починати.

Во Германија Институтот „Роберт Кох“ објави дека земјата потврдила во понеделникот нови 1.192 случаи на заразата, малку помалку од неделата кога ги имаше 1.411. Вкупно од почетокот на епидемијата во Германија се затазеи 286.000 луѓе.

Во петокот германските власти ги ставија соседна Чешка и Луксембург на ткн „црвена листа“ на дестинации поради бројката на инфекциите.

Чешка во понеделникот пријави 1.305 нови случаи на коронавирусот и 15 смртни исходи поврзани со Covid-19, и се справува со една од најголемите стапки на дневно ниво на зараза во светот. Земјата со 10,7 милиони жители досега регистрираше вкупно 64.597 заразени лица и 606 смртни случаи. Ж

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC), Чешка во изминатите две седмица според бројот на заразените жители е на второто место во Европа, зад Шпанија.

Италија беше првата европска земја погодена во пандемијата на коронавирусот, но сега со помал бнрој заразени е исклучок во Европа каде што секојдневно државите бележа рекорди во новите случаи на заразата.

Францијаминатата седмиа забележа рекордни нови 16.000 случаи, а Шпанија повеќе од 10.000 нови случаи во еден ден, додека дневниот број новозаразени во Италиај е под 2.000 лица.

Светот во меѓувреме се приближува до бројката од милион починати. Според американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, податоци од ноќта кон понеделникот, во светот во моментов има 997.799 починати. Најмногу смртни случаи има потврдено во САД – речиси 205.000, во Бразил – 141.700 и во Индија над 95.000 починати.

Индија во понеделникот мина шест милиони зарзени. Повеќе од неа имаат само САД, над седум милиони заразени.