
Бројот на загинатите за време на лиавина во провинцијата Ван се искачи на 23 лица, изјави во средата гувернерот на оваа провинција на истокот од Турција, Мехмет Емин Билмез.
Претходно во средата локаната болница во објави за осум смртно настрадани луѓе откако лавината затрупала падина во облата Бахчесарај, а министерството за внатрешни работи додаде дека под снежниот нанос останале 10 до 15 луѓе, како и дека 30 лица биле спасени.
Подоцна, исто така, во средата локалните власти соопштија дека новата лавина затрупала пет возила во кои се наоѓале повеќе до 50 припадници на спасувачките служби, и оти загинале 11 лица.
„Има загинати и меѓу спасувачите, и меѓу доброволците. Загинаа осум жандарми, тројца припадници на службата за обезбедување, тројца пожарникари и девет цивилни лица, кои помагаа во операцијата за спасување“, изјави Билмез.
Маки Арвас, началник на округот Бахчесарај, рекол дека 300 луѓе работеле на спасувањето на затрупаните под снегот по лавината која ја погодила областа, кога се случил вториот снежен одрон, пренесе телевизијата NTV.