Бројот жртви од земјотресот во Турција се зголеми над 49.500 луѓе, близу 7.000 се странци

Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во февраури, бројот на жртвите во Турција се зголеми на повеќе од 49 илјади, а од нив речиси малку помалку од седум илјади се странци, изјави во саботата за медиумите потпретседателот Фуат Октај.

„Како резултат на земјотресите заинаа 49.589 луѓе, меѓу кои 6.807 се странски државјани“, го цитира весникот Star потпреседелот Октај.

Засега не се изнесени детални поединости за потеклото на странските жртви, но јасно е дека најголемиот дел од нив го сочинуваат бегалците од војната во соседна Сирија.

Земјотреси со магнитуди од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6-ти февруари со интервал од девет часа ја погодија провинцијата Кахраманмараш во југоисточна Турција. Потресите се почувствувани во 11 провинции во земјата и соседните држави, вклучително и Сирија.

Вкупната штета од катастрофата, според извештајот објавен во петокот од страна на турското Министерство за финансии, надмина 105 милијарди долари. Материјалните загуби може да достигнат 9 отсто од проектираниот бруто национален приход на земјата во 2023 година, произлегува од документот.