Бројот жртви во Газа е „премногу висок“, вели Остин

Американскиот државен секретар за одбрана Лојд Остин во петокот го повика Израел подобро да ги заштити цивилите во Појасот Газа додека се обидува да го елиминира Хамас.

„Бројот на жртви е премногу голем“, рече Остин на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, коментирајќи ја воената операција на Израел во Појасот Газа.

„Разговарав со мојот колега во неколку наврати и ги охрабрувам да бидат поконкретни и да се погрижат да ги заштитиме цивилите на бојното поле“, рече тој.

„Израел мора да стори сé што е можно за да го минимизира бројот на цивилни жртви во борбената зона“, нагласи тој.

„Постигнувањето воени цели и заштитата на цивилите во борбена зона не се исклучуваат меѓусебно“, рече Остин.

Тврди дека милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население и ги користат како жив штит, велејќи дека тоа е „тактика достојна за целосен презир“.

„Заштитата на цивилното население е стратешки императив“, рече Остин.