Бројот на жртвите од почетокот на израелските напади во областите на Либан до понеделникот надмина 3.000 цивили а уште 13.492 луѓе се ранети, се вели во соопштението на Центарот за вонредни ситуации при либанското Министерство за здравство.
„Бројот на загинатите од почетокот на израелската агресија врз Либан достигна 3.002, а 13.492 цивили се повредени“, се вели во соопштението.
Според Министерството за здравство, последните потврдени жртви се од неделата 3-ти ноември кога во израелски напади биле убиени16 лица а уште 90 цивил биле ранети.
По една година прекуранични артилерски битки, од 1-ви октомври, Израел спроведува копнена операција против силите на шиитското движење Хезболах во јужен Либан, а исто така ги продолжува воздушните бомбардирања во главниот град Бејрут.
И покрај загубите, вклучително и во највисокото водство и меѓу високопозиционираните комананти, Хезболах продолжува да води копнени битки и не ги запира ракетните напади врз еврејската држава. Секојдневно шиитското движење истрелува десетици проектили на територијата на Израел. Главната цел на воената кампања на Израел е да се создадат услови за враќање на 60.000 жители на северот на земјата, кои беа евакуирани поради гранатирањето што Хезболах го започна пред една година за поддршка на палестинското движење Хамас.