Бројот на загинатите во вооружениот напад изведе во понеделникот утрото во училиште во градот Ижевск во регионот Удмуртија, на 980 километри источно од Москва, се зголеми на 17 жртви од кои 11 се деца, објави вечерва рускиот Истражен комитет.
„Според податоците на Истражниот комитет на Русија, загинаа 17 лица од кои 11 деца и шест возрасни“, се наведува во соопштението кое го цитираат руските агенции.
Истражителите утврдиле дека во нападот настрадале вкупно 39 лица, а ранети се 22 лица, од кои 19 се деца, а вкупно десет лица се во критична состојба. Претходно беше објавено дека меѓу загинатите се тројца учители и двајца чувари во училиштето.
Напаѓачот, кој си го одземал животот во една од училниците откако ги извршил масакрот е идентификуван како 34-годишниот Артем Казанцев, кој своевремено одел во истото училиште.
Засега нема информации за мотивите на напаѓачот, кој последните години бил пријавен на психијатриска клиника. Меѓутоа, во медиумите се појави снимка од мртвиот напаѓач, на кој се гледа дека бил облечен целосно во црно со „фантомка“ на главата на маицата има црвен нацистички симбол – свастика. Бил вооружен со два пневматски пиштола кои биле преправени за употреба на боева муниција, и напаѓачот кај себе имал големо количество куршуми.
Поранешните соученици за медиумите се присетуваат на него како молчалив и воинствено расположен, постојано облечен во црна облека и запоставен изглед, но не можат да најдат причини за мотиви за масакрот во училиштето од период на школувањето.