Бројот на загинатите во пожарот во зимското одморалиште во турската провинција Болу се искачи на 76, соопшти во вторникот вечерта министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
„Како резултат на пожарот во одморалиштето Карталкаја, загинаа 76 лица“, објави тој.
Како што прецизираше министерот, девет лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот, се приведени во рамките на истрагата за трагедијата.
Во одморалиштето Карталкаја ноќта кон вторникот избувнал пожар. Многумина од гостите се обиделе да побегнат спуштајќи се од корните катови на 12-катницата со врзани чаршафи, а некои скокнале од прозорците. Покрај загинатите, се наведува дека уште 51 лице е повредено. Во хотелот престојувале вкупно 237 луѓе.
Според локалната телевизиска станица Ekol TV, хотелот изграден во 1974 година, имал дрвена фасада, што придонело за брзо ширење на пожарот. Според еден од спасените гости, во зградата немало детектори за чад или противпожарни апарати.