Брод со стотици авганистански мигранти вплови во грчко пристаниште

Товарен брод кој плови под турско знаме кој превезува 382 мигранти, главно од Авганистан, безбеднос впловил во пристаниште на грчки остров Кос, два дена откако испрати сигнал за помаш.

Четворица мигранти, од кои три деца, се удавија во вторникот откако кај островот Хиос потона брод во кој тие и уште 23 лица се обидувале да преминат од Турција во Грција.

Претходно во петокот грчкото министерство за поморство побара од Турција да прифати враќање на бродот.

Шест лица во еден од најголемите поединечни приливи на мигранти во Грција во последните неколку години се приведено откако бродот на грчката крајбражна стража го теглел бродот „Murat 729“ во пристаништето Кос, соопшто грчкото министерство за миграции.

Другите мигранти се одведени во прифатниот центар на островот. Нивниот престој во центарот, каде ќе бидат обработени податоците за нив и ќе бидат ставени во карантин, ќе биде привремен, соопшти министерството.

Грција беше главната рута во Европската унија за барателите на азил коишто доаѓаат од Турција. Бројот на мигрантите падна од 2016 година по склучувањето на договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на премините на мигрантите на грчка територија.

Меѓутоа, откако талибаните се вратија на власт во Авганистан по две децении, многу држави во ЕУ стравуваат од репризирање на бегалската криза од 2015/2016-та, кога повеќе од милион луѓе, тогаш главно сириски бегалци, пристигнаа во ЕУ откако минаа на грчките острови близу турскиот брег.