Бродот кој го донел опасниот товар во Бејрут потонал во 2018-та

MARINETRAFFIC.COM

Бродот „Rhosus“ кој во 2014 година го испорачал амониум-нитратот во бејрутското пристаниште, кој според досегашните сознанија ја предизвикал раузрнувачката ескплозија од 4-ти август, потонал на почетокот од 2018 година, објави во петокот весникот The New York Times.

Весникот имал увид во сателитски снимки, фотографии, податоци за движењето на бродовите, како и други информации. Новинарите претпоставуваат дека бродот во ноември 2013 година испловил од Батуми, со околу 2.700 тони амониумов нитрат, кои требало да бидат испорачани во Мозамбик. Во написот на NYT, исто така, се наведува дека пакувањата на хемиската супстанца носеле ознаки на грузиската компанија „Rustavi Azot L.L.C“.

Бродот има непланирано пристанување во Бејрит, каде што се задржал поради технички проблеми. Како што се истакнува во написот, товарот што го носел „Rhosus“ бил преместен во складишта. Весникот објавува сателитска снимка, којашто според новинарите, потврдува дка веќе во 2015 година на бродот немало никаков товар.

Во февруари 2018 година, според процените на весникот, бродот започнал да тоне. Во текот на неколку дена целосно потонало, во северниот дел од бејрутското пристаниште. Товарот кој „Rhosus“ го доставил во Бејрут, бил чивани во магацин на околу 450 метри од местото каде што потонал бродот.

Претходно во петокот беше соопштено дека рускиот претприемач Игор Гречушкин, кој има привремен престој на Кипар и кој своевремено бил сопственик на бродот „Rhosus“ кој во 2014-та го испорачал амониум-нитратот во пристаништетот во Бејрут сведочел доброволно пред кипарските власти.

Интернет ресурсот Shiparrested.com, кој ги следи поморските правни случаи, во средата објави дека извештајот од 2015 година покажал дека бродот „Rhosus“ кој пловел под знаме на Молдавија со екипаж од главно од Украина, пристанал во Бејрут во септември 2013 година поради технички проблеми на патот од Грузија кон Мозамбик, со 2.750 тони амониумов-нитрат.

Силната експлозија во магацинот во складиште на пристаништето во Бејрут се случи на 4-ти август. Ударниот бран од детонацијата уништи и оштети стотици објекти, поради што без домови останаа 300.000 жители на либанската престолнина. До петокот се потврдени 154 жртви и околу 5.000 повредени, од кои најмалку 120 лица се во критична состојба. Покрај тоа уште десетици луѓе се водат како исчезнати.

Според првичните сознанија на либанското министерство за внатрешни работи, причина за трагедијата биле искри при заварување на складиште и запалувањето на повеќе до 2.700 тони амониум-нитрат, кој бил конфискуван од царината пред шест години.