Број загинати од цунамито кој ги погоди индонезиските острови Јава и Суматра, во понеделникот се зголеми на 281, додека стотици лица се повредени, соопштија властите, а спасувачите продолжуваат со потрагата по телата во урнатините со тешка механизација но и со голи раце.
Портпаролот на националната Агенција за справување со природни катастрофи, Сутопо Нугрохо, соопшти во понеделникот дека бројот на жртвите достигнал 281 човек, повредени се повеќе од 1.000 луѓе, а како исчезнати се пријавени 57 лица, но повторно предупреди дека се очекува бројот на жртвите да расте. Според него, најголем број настрадани се Индонежани кои биле на одмор.
Цунамито во саботата ноќта ги погоди бреговите кај Зундскиот канал, а жителите сведочат дека не виделе, ниту почувствувале никакви знаци за навестување на стихијата, како потрес или повлеквуање на океанот, пред најмалку три ударни брана со висина од два до три метра не удриле во брегот. Индонезискиот претседател Џоко Видодо, исто така, при посетата во понеделникот на најзагрозената област Пандегланг во провинцијата Батен на островот Јава потврди дека надлежните служби не можеле однапред да предупредат за заканата од цунами.
„Експеритете се’ уште не може точно да ги идентификуваат причините за катастрофата, така што треба да се воздржиме од изведување заклучоци“, изјавил претседателот Видодо, пренесува порталот Datik. Според него, „цинамито има неопределен карактер, раличните агенции одговорни за исвестувањето не можеа однапред да го утврдат неговото приближување“.
Претседателот, исто така, истакнал дека „наделжните служби имаат задача да ја проверат постојната опрема и итно да ги заменат елементите од системот за рано предупредување од цунами кои затаиле“. „Тоа ќе биде направено уште на почетокот од следната година“, рекол Видодо.
Според повеќето експерти, се претпоставува дека цунамито го предизвикал подводни свлечишта коишто најверојатно биле покренати од ерупциите на вулканот Анак Кракатау последните денови.
Телевизиските снимки покажуваат момент во кој водениот бран удира на плажата и преплавува станбени населби до градот Пандегланг на Јава носејќи со себе жртви, остатоци од разни предмети и куќи, стебла и парчиња метал. На стотици куќи и згради причинета е голема материјална штета, додека повеќе од три илјади жители се евакуирани на повисок терен. Покраинскиот воен командант Дуди Двириади изјавил дека на спасувачите и волонтерите им е наредено да пребараат најмалку 100 километри брегот во потрага по жртви.