
Бројот на бегалци, кои се сместени во центрите на грчките вооружени сили на островите Кос, Лезбос, Самос и Хиос и во градот Серес, останува исклучително висок.
Генералштабот на грчката армија соопшти дека бројот на бегалци сместени во нивните 30 прифатни центри, минатата недела е намален за 125 лица, но се уште е висок. Во 30 центри, со капацитет од 26.700 лица, се сместени 30.733 луѓе.(МИА)