Бројот на настраданите во Лахоре се искачи на 39, една жртва

© AFP 2017 / Arif Ali

Најмалку 39 луѓе се ранети во експлозијата во пакистанскиот град Лахоре, административниот центар на покраината Пенџаб, а едно лице го загубило животот, пренесува во вторникот телевизијата Dunya News.

Првично во понеделникот ноќта локалната влада во Лахоре соопшти за 34 настрадани.

Експлозијата одекна во квартот Ислампура, кој се наоѓа во западниот дел од културната престолнина на Пакистан, која има шест милиони жители. Според полицијата, камионот бомба пристигнал во Лахоре од северниот дел на покраината Кибер Пактунква натоварен наводно со кајсии, меѓу кои бил сокриен експлозивот. Камионот три дена бил паркиран на прометната улица Ауфол Роуд, се додека во понеделникот ноќта од засега неутврдени причини експлозивот не се активирал.

 

Експлозијата била толку моќна што бил целосно урнат покривот на еден објект во близина на училиште недалеку од местото на инцидентот, а уништени биле стотина автомобили и мотоцикли. Сите настрадани се случајни минувачи.

Полицијата води истрага за да ја открие точната рута по којашто се движел камионот во Лахоре.

Експлозијата се случи два дена пред поранешниот премиер Наваз Шариф, остранет од позицијата со одлука на Врховниот суд во рамките на борбата против корупцијата, да допатува во Лахоре. Имено неговото семејство потекнува од овој град, па поранешниот премиер и неговата партија имаат голема популарност во покраината Пенџаб.

Шариф во Лахоре првично требало да пристигне во понеделникот. Според повеќето пакистански медиуми, маршрутата не неговиот конвој требало да минува токму по улицата на која се случи синоќешната експлозија. Но Шариф подоцна, по совет од своите приврзаници, решил да допатува во Лахоре по ткн „Големот тркалезен пат“, стара транспортна рута којашто ги поврзува индискиот град Калкута со авганистанската престолнина Кабул преку идниската Њу Делху, и пакистанските Лахоре и Исламабад. Се очекува дека Шариф од Исламабад во Лахоре ќе патува по споменатиот пат во среда, за да покаже дека ја има поддршката од граѓаните.