Бројот на настраданите во нападот во Кабул се зголеми на 103 мртви и 235 ранети

Бројот на жртвите во терористичкиот напад извршен со експлозиви сокриени во амбулантно возило во авганистанската престолнина Кабул се искачи на 103 мртви и уште 235 ранети, објави во неделата министерот за внатрешни работи Ваис Бармак, додавајќи дека меѓу настраданите е голем бројот на полициски службеници.

„За жал, многу ранети починаа во болниците, и сега бројот на мртвите се зголеми на 103, а на ранетите на 235“, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Ваис Бармак на прес-конференција во Кабул.

Нападот со активирање е на експлозив во возило на итната медицинска помош, за кој одговорноста ја преземаа талибаните, се случи во средата во центарот на престолнината, во една од најобезбедуваните улици во Кабул, во непосредна близина на квартот во кој се наоѓаат владини институции како министерството за надворешни работи, Високиот совет за помирување, елитната женска гимназија „Малали“, канцеларијата на Европската унија, бројни странски дипломатски мисии, во прв шведската, индиската и руската амбасада.

„Загубивме голем број полицајци: петмина загинаа на самата една контролна точка, а триесет се ранети“, рече уште Бармак без да ја изнесе точната бројка.

Станува збор за еден од најтешките напади во Кабул последните години и трет за само една седмица во Авганистан, по нападот врз луксузниот хотел „ Intercontinental“ од 20-ти јануари кога беа убиени најмалку 41 човек, од кои половината странски државјани, и нападот врз канцеларијата на хуманитарната организација Спасете ги децата во градот Џалалбад во средата кога беа убиени најмалку пет лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп повика во саботата на „решително делување“ против талибаните кои ја преземаа одговорноста за нападот во Кабул.

„Го осудувам кукавичкиот напад со автомобил бомба кој се случи во Кабул и во кој загинаа десетици невини цивили и ранети се стотици. Сите земји мора сега решително да делуваат против талибаните и инфраструктурите коишто ги поддржуваа“, истакна Трамп во писмената изјава.

Последниот напад на социјалните мрежи во Авганистан предизвика огорченоста кај корисниците кои ги прозиваат властите за корупција и неефикасност во борбата против тероризмот.

„Војната против теророт нема да се добие со молитва и објави (осуди) на Twitter. Владата мора да им возврати на покровителите на тероризмот на ист начин“, порача авганистанскиот корисник на микроблогот Сулејман.

Без да го именуваат директно Пакистан, повеќето корисници на мрежите укажуваат кон соседната земја којашто ја обвинуваат дека ги финансира и им дава засолниште на талибаните и на терористичката мрежа Хакани којашто владата ја обвини и за последниот напад во Кабул.

„Каков срам за нашата влада којашто редовно не успева да го заштити населението. Би требало некој од нашите челници да загуби син или ќерка и да ја почувствува тагата на сиромашните“, напиша на социјалните мрежи корисникот Навид Кадери.

„Корупцијата е главниот проблем: за 500 авгани (помалку од осум американски долари –з.р.), полицијата ве пушта да ги минете контролните пунктови“, се надоврзува корисникот Башир Ахмад.