Бројот на природни катастрофи во 2013 најмал во изминатата деценија

Бројот на природни катастрофи во 2013 година е најмал во последната деценија, изјави во Женева Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во годишниот извештај организацијата регистрира 529 такви настани во минатата година – од бури и поплави до катастрофи, причинети од небрежност или технички хаварии. Од тие несреќи биле засегнати над сто милиони луѓе во светот, главно Азијци.

Природните катастрофи со најмногу жртви минатата година се тајфунот Хајан на Филипините, во кој загинаа околу 8.000 лица, и поплавите предизвикани од монсунските дождови во Индија, кои го однесоа животот на речиси 6.100 лица.

Најтешката технолошка трагедија повторно беше во Азија, над 1.000 лица загинаа во април, кога фабрика за текстил се урна во Бангладеш.

Жртвите во тие катастрофи претставуваат вкупно над половина од загинатите во катастрофи во 2013 година, а тоа се 29.200 лица.

Извештајот на Меѓународната федерација ја анализира и улогата на културните и религиозните сфаќања за начинот, на кој реагираат на катастрофите различните заедници.

Во извештајот се наведува дека во минатата година штетите од природните катастрофи изнесувале околу 119 милијарди долари – една од најмалите суми во последите десет години.