Бројот на смртно настраданите во цунамито во Индонезија се зголеми во понеделникот попладнето на 373 луѓе, додека 1.400 лица се повредени, а 128 луѓе се пријавени за исчезнати, соопшти владината агенција за справување со природни стихии.
Цунамито во саботата вечерта се струполи на јужниот врв на островот Суматра и на западниот брег на осторвото Јава. Се претпоставувадека цунамито било предизвикано од подводни свелчишта кои ги покренала ерупцијата на вулканот Анак Кракатау.
Илјаднции индонезиски полицајци, војници, спасувачи и волентери на Црвениот крст и другите хунанитарни групи се испратени во најтешко погодените обласит, за да им помогнат на преживеаните и трагаат по телата на загинатите.