Бројот на загинатите во Индонезија се искачи на 832 луѓе

Бројот на мртвите во силниот земјотес и цунамито во Индонезија се зголеми на 832 во неделата, а престравеното население од погодениот остров Сулавези се бори да пронајде храна и вода, се шират грабежи а растат и стравувањата поради тоа што од некои области уште нема никакви вести.

„Се чувствува голема напнатост. Секоја минута возилата на брзата помош носат нови тела. Чистата вода е реткост. Минимаркетите насекаде се ограбени“, изјавила 35-годишната мајка Риса Касума, тешејќи го своието бебе под температура во центар за еакуација во погодениот град Палу, пренесува агенцијата AFP.

Индонезискиот претседател Јусуф Кала изјави дека можеби настрааеле „илјадници и илјадници“, имајќи ги предвид претходните природни катастрофи коишто ја зафатија неговата земја.

Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека не примиле информации од областа Донгал, која е поблиску до епицентралното подрачје, во којашто има околу 300.000 жители.

Многу луѓе останале заробени под урнатините на зградите по земјотреост со магнитуда од 7,5 по Рихтер кој ја погоди земјата и предизвика цунами чиишто бранови на некои места според последните инфомрации достигнувале височина и до 6 метри, соопшти портпаролот на агенцијата. Додаде дека е погодено поголемо подрачје отколку што првично се мислеше.

Во главниот град на покраината Централни Сулавези – Палу, во неделата полека почна да пристигнува помош, индонезиската војска е ангаирана во расчистување на урнатините и потрга по преживеани.

„Она што сега очајно ни е потребно се машини за расчистување на урнатините. Моите луѓе се на теренот но невозможно е да се потпреме само на нив за ова да го расчистат“, изјавил директорот на Националната агенција за потрега и спасување.