
Бројот на жртвите од ебола во Западна Африка достигна 932, а севкупно се регистрирани 1.711 случаи на заразени од овој смртоносен вирус, соопшѕо Светската здравствена огранизација.
Како што е наведено во соопштението, агенцијата на Обединетите Нации за здравство, во новиот извештај има вметнато 108 нови случаи и 45 смртни од Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне од саботата до понеделникот, пренесува АФП.