Бројот на жртвите од терористичкиот напад во иранската престолнина Техеран во средата се зголеми на 17, додека педестина се ранети, објави во четвртокот агенцијата Mehr повикувајќи се на медицински извори.
Претходно во четвртокот агенцијата ILNA, цитирајќи го директорот на иранскиот Центар за судска медицина, Ахмад Шоџаи, информираше за шеснаесет жртви.
„За жал, бројот жртви се зголеми на шеснаесет луѓе. Меѓу загинатите три се жени, а останатите се мажи“, изјавил.
Претходно во средата беше објавено за 13 загинати и 52 ранети.
Во средата во главниот град на Иран истовремено беа изведени два терористички напада. Двајца милитанти се пробија во Мавзолејот на ајатолахот Хомени, на југот од Техеран. Еден од напаѓачите се разнесе, а вториот беше убиен во престрелка со полицијата.
Речиси истовремено група од четири лица го нападнаа иранскиот парламент и успеаја да се пробијат до горните катови на зданието. Обезбедувњето ликвидираше тројца од вооружените напаѓачи, а четвртиот се разнел со експлозивна направа што ја носел на себе.
Началникот на полицијата на Техеран потврди дека во средата веднаш бил приведени пет осомничени лица, по нападот врз мавзолејот. Претходно беше медиумите објавија дека еден од напаѓачите бил уапсен, додека другите биле ликвидирани.