(ВИДЕО) Бројот на жртвите во експлозијата во Кабул се искачи на 95 загинати

© AFP 2018 / Wakil Kohser

Бројот на жртвите во експлозијата во саботата на санитетско возило во дипломатскиот кварт на авганистанската престолнина Кабил се зголеми на 95 мртви и 158 ранети, пренесе во саботата вечерта телевизискиот канал 1TV цитирајќи го портпаролот на министерството за здравство.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи болнички извори велат дека во разни болници во Кабул сѐ уште се довезуваат жртви.

„Ова е масакр“, изјави Дејан Паниќ, координатор во Авганистан на италијанската група за помош „Emergency“, која раководи со травматолошката клиника во близина на нападот.

Експлозијата го потресе во саботата кабулскиот кварт Вазир-Акбар-Кан, каде што се наоѓаат голем број странски дипломатски мисии, владини згради и канцелариите на Високиот мировен совет. Според локалните медиуми, експлозијата ја извршил бомбаш самоубиец кој го детонирал возило на брзата помош.

Заменикот министер за внатрешни работи изјави дека во врска со терористичкиот напад биле уапсени четири лица осомничени дека се поврзани со експлозијата. Како што изјавил Насреат Рахими за AFP, бомбашот самоубиец го користел возилото на брзата помош за да ги мине контролните пунктови. Тој на првиот контролен пункт изјавил дека земал пациент од централната болница „Џамуриате”, а на вториот контролен пункт бил откриени по што го детонирал возилото полно со експлозив.

Радикалното исламистичко движење Талибан ја презеде одговорноста за експлозијата, една седмица откако нејзините борци изведоа напад во луксузниот кабулски хотел „Intercontinental“ во кој загинаа најмалку 41 човек, од кој половината странски државјани.