Бројот загинати во уривањето во Истанбул се зголеми на 14, над 10 исчезнати

Бројот на загинатите во уривањето на надргадената петкатница во Истанбул се зголеми на 14, објави во петокот рано попладнето турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Претходно беше објавено за 12 жртви и 13 повредени во уривањето на зградата во истанбулскиот кварт Картал, на азискиот брег. Спасувачите од средата работата на расчистување на купот од метал и цигли.

„Бројот на смртно настраданите во овој момент достигна 14, од под урнатините извлечени се 14 повредени, 11 луѓе се водат како исчезнати“, изјавил за новинарите министерот Сојлу. Претходно тој објави дека по 45 часа од под урнатините е извлечен 16-годишен тинејџер.

Претходно истанбулскиот гувернер Али Јерликаја изјави дека во операцијата на спасување се ангажирани 500 лица.

Според прелиминарните процени на истанбулското обвинителство кое ја води истрагата за трагедијата, можна причина за уривањето е нелегалната трикатна надградба над основната петкатница.