Бројот жртви во пукањето на браната во Бразил се искачи на 65

© AP Photo/Andre Penner

Бројот на жртвите во пукањето на рударската брана на југоистокот од Бразил се зголеми на 65 луѓе, објави во понеделникот вечерта телевизискиот канал Globo, повикувајќи се на владата на сојузната држава Минас-Жерао.

Идентификувани се досега 35 од жртвите. Бројот на исчезнатите лица, според последните официјални податоци, и натаму е 292 луѓе. Уште 382 жители на градот Брумадињо, каде се случи во петокот претпладнето трагедијата, биле пронајдени живи.