Бронзен медал и нов македонски рекорд на 5.000 илјади метри за Ивановски на Балканското првенство

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои третото место на трката на 5.000 метри на Балканското првенство кое се одржува во Смедерево, Србија.

Ивановски патеката ја мина со резултат 14:02:32 минути, што е нов државен рекорд во оваа дисциплина.

Денеска Ивановски ќе настапи на трката на 3.000 метри.