Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора), средношколецот од Пробиштип Драго Јакимовски освои бронзен медал, а Мајкл Георгиевски доби награда за успешно учество (пофалница) на Втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија.
Меѓународниот напревар по физика се одржа во периодот од 23 до 31 октомври 2020 година. Поради пандемијата со Ковид 19 натпреварот сеодвиваше во секоја од државите учесници на олимпијадата под координаторство на офцијалните организатори. Локален организатор на оваа олимпијада во нашата земја беше Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
На овај натпревар покрај Драго Јакимовски од Пробиштип, кој е ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ – Скопје; нашата зема ја претставува и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ -Кавадарци; Бисера Јаневска од Скопје, ученик во трета година во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје; Димитар Џорлев од Струмица, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица и Стефан Дрмач од Скопје, ученик во втора година во СОУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје (поканет натпреварувач од официјалниот организатор, надвор од официјална конкуренција). Водач на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а заменик водач на тимот проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираат од Друштвото на физичарите на Република Македонија.