Откриено ново жариште на бруцелоза во Бугарија. Ветеринарните служби во земјата болеста ја откриле во грдот Рила.
Инфицирани 15 кози и еден човек
При направените анализи бруцелозата е потврдена кај 15 кози во три земјоделски домаќинства во Рила. Анализата е извршена откако болеста беше дијагностицирана кај еден локален жител на Рила.
Луѓето можат да заболат од бруцелоза при контакт со заболени животни или при конзумирање на прозиводи од бруцелозен добиток.
Животните заболени од бруцелоза се уништуваат, додека инфицираните луѓе се лекуваат со антибиотици, јавува БТА.
Заразените животни изолирани
Преземени се првични мерки за изолирање на заразените животни од бруцелоза во Бугарија, по што во текот на денов се очекува да бидат воведени и дополнителни мерки со цел да се спречи ширењето на болеста, информираат од Агенцијата за безбедност на храната од Ќустендил.
Масовно угинување на делфини
Масовно угинување на делфини имаше минатата година во Перу. Вкупно 877 делфини биле исфрлени на брегот на Перу за само еден месец.
Можно е делфините да угинале од епидемија на морбили или пак од бруцелоза, изјави тогаш заменик министерот за животна средина Габриел Квијандриа.
Што е бруцелоза?
Имено, бруцелозата претставува инфективно заболување од бактериска природа што припаѓа на зоонозите.
Најчесто протекува како акутно заболување со покачена телесна температура, треска, обилно потење, болки во зглобови, зголемени лимфни јазли, а често пости и зголемување на црниот дроб и слезината. Кај хроничните случаи процесот е најчесто локализиран на ‘рбетниот столб и големите зглобови па така болниот може да има отежнато движење и да зафаќа неприродна положба.
Резервоар на ова заболување се најчесто домашните животни, а поретко и дивите.
Како и во другите земји ширум Европа и светот, така и во Македонија бруцелозата се уште претставува значаен јавно здравствен проблем. Бруцелозата кај луѓето во Македонија, во епидемиска форма за прв пат била регистрирана во 1980 година, кога во општина Битола биле пријавени вкупно 102 заболени, во Неготино 5 и во Кавадарци 3 случаи.