По објавувањето на информациите дека Бранко Героски, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, Оливера Трајковска, Мери Јордановска и останатите новинарски пера на СДСМ поседуваат фирми и се занимаваат со бизниси, во јавноста се јави бура од негодувања за ваквите постапки на овие новинари, пишува порталот „Курир“.
Највештата констатација е дека со ова нивно демаскирање се изгубила целокупната суштина на нивната досегашна работа и на заложбите за подобар новинарски амбиент, за новинарски права и слобода на медиумите, поенти кои беа главна тема на нивните јавни настапи додека во позадина тајно затскривајки се зад овие теми тие си работеле и други работи во бизнисот.
Од фрапантните податоци кои беа објавени денеска, произлегува дека нивната борба за слобода била всушност борба заради пари, финансирани од странски фондови и фирми и лица блиски до СДСМ.
Нивната агенда и јавни настапи и критиките кои ги упатуваа до власта и до своите колеги новинари, не биле резултат на нивна вистинска желба за унапредување на стандардите, туку биле единствено жесток обид по секоја цена да се наштети на владата и да се помогне на СДСМ од кој сосема разбирливо очекувале уште поголема поддршка во нивните бизниси и за нивните фирми.
По разобличувањето кое беше направено од истражувачката сторија на Катерина Нешкова и Дневник многу работи станаа појасни, а тоа е дека борбата за медиумите на Героски, Кабранов, Борјан Јовановски и останатите била борба за нивниот бизнис и ништо повеќе од тоа.