
Бруклин нетс синоќа го победи Лос Анџелес лејкерс со убедливи 123:97 на гостински терен.
Во дуелот на главните фаворити за врвот во Западната и Источната конференција на НБА-лигата, гостите беа поуспешни во три четвртини: 19:25, 30:32, 32:27, 16:39.
Најефикасен играч на натпреварот беше Камерон Томас од Бруклин со 21 поен, со шут од поле 7 од 14.
Двете екипи настапија без неколку клучни кошаркари.