Бруклин се протна против Сан Антонио

Кошаркарите на Бруклин Нетс во првиот дуел од неделната програма на НБА лига на својот паркет ги совладаа Сан Антониот Спарс 121:119 по продолжението.

Релативно комотна ситуација имаше Бруклин на четири минути пред крајот кога водеше со десет поени разлика 113:103. Но до крајот на мечот Нетс не постигнаа ниеден кош, а гостите од Тексас успеаја да изборат продолжение. На три секунди пред крајот, Кевин Дјурант не резлизираше удар за три поена за победа.

Но откако не успеаја тоа да го направат во регуларниот дел, Нетс победата ја осигураа и на кројот славеа 121:119, а кошот за победата го постинга Камерон Томас на секунда ипол пред крајот. Со тоа ја прекинаа низата од пет порази на домашен терен.

Дјурант повторни беше прв стрелец кај Бруклин со 28 поени со шут 11 од 21 обид, со 6 асистенции, 4 скокови и 3 блокади. Добра поддршка имаше од Џејмс Харден кој додаде 26 поени со 12 асистенции 7 скокови, но и 6 загубени топки.

Во поразениот тим Лони Вокер Шести уфрли 25 поени, Деџунте Мареј впиша 19 поени, 12 додавања и 9 скокови.

Во последните шест натпревари Бруклин имаат негативен скор 2-4. Во моментов се втори на табелата на Источната конференција со соодност –орази 25-13, додека најдобри се Чикаго Бусл со 16-10. Сан Антонио Спарс се само 11-ти во Западната конференција со сооднос 15-24.