Брумен и Вугринец во идеалниот тим , Малумбрес со четврта најдобра одбрана

Десното крило на Вардар, Матјаж Брумен и десниот бек на Металург, Ренато Вугринец се избрани во идеалниот тим на реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Во изборот на ЕХФ, имаше место и заодбраната на Ињаки Малумбрес кој исто така влезе во Топ-5 одбраните.

Идеална седморка: Голман – Арпад Штебик (Барселона), Лево крило – Доминик Клајн (Кил), Лев бек – Сергеј Горбох (Рајн Некар), Среден бек – Никола Карабатиќ (Барселона), Десен бек – Ренато Вугринец (Металург), Десно крило – Матјаж Брумен (Вардар), Пивотмен – Ренато Сулиќ (Веспрем)