3.8 C
Skopje
вторник, ноември 26, 2024

Брутално претепан академик Илија Чашуле

Академик Илија Чашуле на својот Фејсбук профил сподели објава каде што напиша дека бил брутално претепан од страна на тројца лица кои го следеле од Прилеп и на само неколку метри од својот дом бил нападнат.

Тој е познат по неговиот отворен став против промената на името на МАНУ.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост неговиот Фејсбук статус:

ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ
(забелешка: До МВР Скопје, до СДСМ, до ВМРО, до МАНУ, до ДУИ и сите дневни весници и портали итн.)
На 25. февруари, на враќање од Прилеп три лица во сина кола го гонеа академик Илија Чашуле на автопатот Велес-Скопје.
За да избега тој забрза од 120 на 135 км на саат, други возила возеа многу побрзо (ограничувањето е 120).
Меѓутоа, мене ме запре полицијата со лажен резултат од 154 км н а саат. Никој друг не запреа – моите гонители кои со километри се изживуваа со мене, со вртоглава брзина не поминаа.
Полицајците ми го зедоа пасошот, возачката и сообраќајната дозвола и со подбив одговараа на мојата молба да ги запираат и другите, меѓу кои и колата што ме гонеше.
Крајно грубо, младите полицајци (24-5 годишни) ме задржаа 10 минути, правеа записник, ме тераа да потпишам со закана дека ќе ми ја запленат возачката дозвола (еднаш тоа веќе МВР го направи, кај Ресен – запрен сум во последнава година 10 пати од МВР повеќето, со објаснение за рутинска контрола.
Наивен, мислев дека тука ќе се заврши малтретирањето а и колата ми беше прегреана и возев со 60 км на саат и со четири жолти светла.
После мене полицијата со радарот никого не запре,
Некаде кај клучката за Синѓелиќ (Ченто?) се појавија пак силеџиите и почнаа да ме гонат по Скопје.
Се обидов да им избегам, ама кај Влада, баш на Димитрие Туцовиќ, кај што сум растел, почнаа да ми го попречуваат патот и излегоа првпат од кола да ме блокираат, но јас ги одминав.
Продолжив по Илинденска и тие пак запреа и излегоа двајца, пак со цел да ме блокираат, да ме запрат и да ме нападнат.
Ме фати семафорот кај парк кој трае долго. Силеџиите беа три коли зад мене и излегоа тројцата и дојдоа до мојата кола, среде улица и почнаа да пцујат и ми ја отворија вратата и почнаа да ме удираат додека јас се уште седев. Тројца млади јаки мажи тепаат 64 годишен човек.
Не знам како, но Илинденска во нашата насока беше преполна со коли.
Јас се бранев и им вратив, но тие ме повредија вака:
Очилата ми ги набија под левото око и бидејќи се метални се забодија едно пола сантим во кожата и почна да грга крв.
Ме удрија и по носот, кој исто почна да крвари, и ме удрија на милиметри под окото, кое потече и исто така крвареше.
Ми удри еден од нив бокс во ребрата и ми го повреди најдолното лево ребро.
По кратко време, кога видоа дека им враќам, тргнаа кон својата кола пцуејќи ми мајка…
Значи имаше многу коли, многу сведоци, но никој не им го попречи патот, никој десетина минути иако очигледно крварев, НИКОЈ не запре да ми помогне.
Отидов на тротоарот и една жена ми пристапи која виде се и која се згрози. Меѓутоа и таа се исплаши и си замина.
Континуирано крваврев 15 минути и почна малку да ми се врти во глава.
Едно момче, исто сведок ми понуди помош и ме испрати до дома. Си помислив дека можат да ме дотепаат дома и и други несреќи да ми прават.
Се прибрав дома, со раскрвавена кошула и панталони, во болка и ми требаше 15 минути да го сопрам крварењето, особено тешко зараснуваше местото каде ми ги набија металните очила кои се сосема искривени а ги фрлија на улица (јас ги прибрав).
Знак дека сум изгубил многу крв беше што ми се сушеше устата и чувствував болки во главата. Реброто ми беше толку повредено и ме болеше при дишењето.
По еден саат и откако испив 2 литри вода, телото малку се смири и се поврзав со лекар на фб кој ми рече иронично да намачкам отворена рана со ракија и кој правеше вицеви за тоа колку крв сум изгубил.
На фб лажна грижа од лажни пријатели и скриени непријатели.
СЕ ПОСТАВУВААТ НЕКОЛКУ ПРАШАЊА:
КОЈ МИ ГИ НАМЕСТИ СИЛЕЏИИТЕ?
СДСМ, Заев, Шеќеринска? Ахмети, ДУИ?
или можеби дури од МАНУ,
ВМРО? Мијалков?
Или најпосле сите овие креатури најдоа кауза околу која да се здружат и да ме ликвидираат оти со мојата праведност им ги мрсам сметките?
Да го натепаат најеминентниот етимолог, индоевропеист, македонист, балканолог и славист?
Ама не предвидоа колку сум јак и дека можам да се одбранам
И никој не ме штити, никој не застанува во моја одбрана само крокодилските солзи на фејсбук..а инциденти колку да сакаш, како нокаутот среде Струга крај Дрим, труења со хран итн итн на мртви да кажуваш…
БРАВО!

 

По неговата објава стигнаа и огорчени реакции на социјалните мрежи.