Жителите на тетовско Брвеница денес им порачаа на СДСМ и одредени новинари да не се служат со лаги и да не упатуваат навреди кон дел од гласачите на ова населено место нарекувајќи ги фантомски.
Им порачуваме нешто реално да сработат, да направат теренска анализа со тоа што ќе ги посетат домаќинствата и жителите кои живеат на оваа адреса и да се соочат со реалната состојба. Секако, тоа тие нема да го направат бидејќи знаат и се плашат дека откако ќе се сретнат со овие 127 постојани жителите и гласачи самите ќе се доведат во состојба да се негираат, вели Јовица Илиевски.
Овие жители, како што велат, најодговорно тврдат дека во село Брвеница нема 127 фантомски гласачи на улица „Браќа Стефановиќ“ ББ.