За да го подготвите овој ролат потребни ви се:
- 5 пакувања ресани
- 150 гр маргарин
- 50 гр млечно чоколадо
- 150 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
Исечкајте ги ресаните на постини парчиња и прелијте ги со претходно растопениот маргарин, растопеното млечно чоколадо, млекото и шеќерот. Добро промешајте ги, оставете ги да се оладат и ставете ги во тавче или калап обложен со фолија. Оставете ја смесата во фрижидер на неколку часа за да се олади и зацврсти, а потоа извадете ја од калапот и прелијте ја со глазура од растопеното чоколадо за готвење и маслото. Кога глазурата ќе се зацврсти, можете да ја послужите тортата. Уживајте!