Брза солена торта и полнети полжавчиња

Денеска во менито на Нетпрес, само солено. Благо ќе готвиме на Благовец!

Состојки:

1 тост леб

8 лаж. печена црвена месна пиперка

300 гр. шунка

800 мл. кисела павлака

150 гр. тврдо сирење

Подготовка:

На чинија, наредете половина тост леб. Намачкајте со еден слој павлака, на неа наредете ја печената пиперка исечкана на ленти. Врз неа ставете половина од шунката. Намачкајте внимателно со павлаката и наредете ја останатата пиперка, потоа шунката. Повторно намачкајте со тенок слој на павлака и одозгора наредете го останатиот дел од тост лебот (препорачлив е оној со вкус на путер). Така добиената торта од сите страни намачкајте ја со павлака и одозгора посипете ја со изрендано сирење или кашкавал. По желба украсете со магдонос. Ставете ја во фрижидер добро да се олади, а потоа сервирајте ја исечкана на помали или поголеми коцки.

Ако ви остане вишок пиперка или шунка, можете да додадете уште еден слој фил.

polzavcinaПОЛЖАВИ СО СИРЕЊЕ И САЛАМА

Состојки:

500 гр. брашно

100 мл. масло

2 јајца

200 мл. млеко

половина пакетче квасец

лаж. шеќер

лаж. сол

За фил:

500 гр. сирење

100 гр. салама

2 јајца

малку масло

Подготовка:

Во млако млеко ставете шеќер и квасец. Кога ќе нарасте, додадете ги останатите состојки па земесете тесто. Оставете го да надојде за смесата да се удвои, па замесете и оставете да стои уште половина час.Надојденото тесто развлечете го и премачкајте го со фил од јајце, сирење, исечкана салама. Направете ролат и исечкајте ги полжавчиња.

Полжавчињата наредете ги во тепсија која сте ја премачкале со масло. Печете ги на температура од 200 степени додека не добијат златно-кафеава боја.