И по четири дена од обзнанувањето на случајот со полнење на кутии на гласачкото место 0816 во Зајас за време на првиот круг од претседателските избори, ЈО молчи и не презема ништо во насока на покренување на истрага. Имено, од страна на ДИК е посочено дека е забележано гласање со брзина од 24 секунди, што индицира на полнење на кутии, пишува „Курир“.
Дополнително во списокот на луѓе кои гласале биле запишани 412 лица, додека во кутијата биле изброени 416 ливчиња.
На гласачкото место 0816 во Зајас гласањето се одвивало бавна се до 15 часот, до кога излегле да глсасаат само 110 лица, додека во период од 15 часот до 17 часот гласале дополнителни 297 лица, со што бројот за два часа се зголемил практично тројно.
Мнозинството членови на ДИК констатираа дека иако не може да утврдат дали станува збор за полнење на кутијата, одлучија да го отворат избирачкиот материјал за да ги отсранат сомнежите, кои, како што рече членот на ДИК, Елизабета Постоловска, се провлекувале уште од референдумот.
Иако е констатирано од страна на ДИК и е пројавен сомнеж, при што е поништено и гласањето во тоа избирачко место, од ЈО молчат и немаат преземено никакво дејствие во насока на покренување на истрага.
Јавноста нема информации ни до каде се постапките во однос на полнењето на кутии за време на референдумот, при што имаше апсурдни ситуцации на одредени гласачки места каде беше забележано гласање и за 2.4 секунди.
ВМРО-ДПМНЕ тогаш поднесе и кривични пријави, но до денеска немаме никаква реакција од ЈО, иако од тогаш помина речеси половина година.