Некој од Владата го предупредил Бојан Јовановски дека Орце Камчев го пријавил случајот „Рекет“ истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Овие фрапатни наводи тои ги сподели со јавноста вечерва во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце и додаде дека ваквите сонзанија многу брзо ќе бидат споделени со јавноста. Мицкоски јавно запраша кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен рекетот.
-Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека некој го предупредил за слуачајот Рекет од Владата, тој што го предупредил бил од Владата. И тоа не е добро, ако е тоа така, а е така тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски, од Владата. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за кој што ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на оние осомничени 4-ца. Сега пазете, Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, тоа не важи, вели Мицкоски.