Брзо пронајдено 5-годишно дете кое се оддалечило во паркот Сарај

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 18.15 часот во Сарај е пронајдено 5-годишно дете

За детето денеска околу 16.20 часот во ПО Сарај од страна на М.Х. било пријавено дека се оддалечило во паркот Сарај.

-Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници на СВР Скопје преземени се мерки и активности за пронаоѓање и околу 18.15 часот детето е пронајдено, информира МВР.