Ирена Анастасова од Бугарската социјалистичка партија (БСП) во средата претпладнето на влезот во Националното собрание за БНТ изјави дека овојпат нејзината партија нема да го поддржи предлогот на партијата „Има таков народ“ за претседател на парламентот.
БСП ќе го номинира Кристијан Вигенин за претседател на 46. Национално собрание.
Анастасаова поритоа изрази надеж дека овој состав на парламентот ќе биде поинаков, бидејќи на Бугарија ѝ е потребна функционална влада и нејзината партија влегува во ова 46-то Национално собрание со таков став.
„Во случај некој да побара поддршка од БСП, вклучувајќи и од „Има таков народ“, БСП ќе ги стави своите приоритети на маса и ќе разговара“, коментира Анастасова.
Според неа, Бугарија треба да има функционална влада, бидејќи за државата не е добро да има нови избори, кои ќе бидат трети за помалку од половина година, категорична е претставничката на бугарската левица.