Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе биде кандидатот за претседател на ДУИ, објавува ТВ21 која информираше дека го добиле говорот на Али Ахмети кој утре ќе го чита на прес-конференцијата која е најавувана четири дена.
Како што пренесува телевизијата, лидерот на ДУИ ќе бара поддршка од Албанците на овие избори, за да кажат не на влијанието на Русија во Македонија.
Во својот говор Ахмети утре ќе рече дека има една желба за која смета дека сега дошло време да ја соопшти.
Ахмети ќе потенцира дека претседателот на Русија Путин како и Министерот за надворешни работи Лавров се против Македонија да биде дел од НАТО и се против Македонија да биде дел од ЕУ.
„Затоа да кажеме не на Русија“, се вели во дел од говорот во кој увид имаше ТВ21. Ахмети утре ќе соопшти две одлуки.
Првата дека партијата има црвени линии за формирање на следната Влада, а тоа е отворање на Устав и внесување на Бугарите.
Втората одлука на ДУИ е дека Бујар Османи е нивниот кандидат за претседател на државата.