Буџетскиот дефицит на САД во фискалната 2024-та изнесува 1,834 трилиони долари

Буџетскиот дефицит на Соединетите држави изнесува 1,834 трилиони долари во фискалната 2024 година, пресмета независниот институт CBO, агласувајќи го скокот на каматните трошоци за јавниот долг и трошењето за социјалните програми и војската.

Така, дефицитот би требало да биде за 11 отсто поголем отколку во фискалната 2023 година, пресметал институтот.

Проценката е сè уште нешто пониска отколку на крајот од јуни, кога CBO го процени дефицитот на 1,9 трилиони долари, што тогаш одговараше на 7,0 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Во фискалната 2023 година, буџетскиот дефицит беше 1,695 трилиони долари, или 6,3 отсто од БДП.

Доколку не се променат сегашните закони, дефицитот треба да се зголеми за 22 трилиони долари во следните десет години, посочуваат во најновиот извештај поранешни функционери на централната банка, министерства за финансии и поранешни членови на Конгресот, кои го сочинуваат институтот CBO.

Фискалната година на САД завршува во септември и Министерството за финансии наскоро треба да објави официјална проценка.

Вкупните буџетски приходи се зголемиле во фискалната 2024 година за 11 отсто, на 4,918 трилиони долари, ја потврди проценката од јуни институтот, нагласувајќи ги повисоките даноци на приходите и профитот на компаниите во услови на континуиран силен економски раст.

Приближно ист процентуален раст е забележан и кај расходите кои, според пресметките на институтот, изнесуваат 6,752 милијарди долари.

Најмногу се зголемиле каматните трошоци за јавниот долг, за 34 отсто, на 950 милијарди долари, а значително се зголемија и трошоците за социјалните програми и војската, утврдиле во CBO.