ФОТО: Бубамара во знакот на маглата, Даниел Кајмакоски, бесплатното скијање за пензионерите…

Цели четири часа Универзалната сала ечеше од смеа и тоа благодарение на умешно направениот рекапитулар на сето она што ја одбележа годината што ја оставивме зад нас.

DSCN0351

Седумнаесеттата Златна Бубамара на популарноста не остави никого рамнодушен посебно заради посебниот шарм на Сашко Коцев, одлично смислена програма, „стратешки поделени“ награди, прекрасната музика и одличните домашни и балкански ликови.

DSC_0992

Меѓу актуелните теми свое место си најде „густата магла“ со која мака мачевме во изминатите неколку месеци, а неизоставен дел беше и бесплатното скијање за сите пензионери. Даниел Кајмакоски од балканското шоу Х Фактор ја воодушеви публиката со своето веќе препознатливо пеење…

DSC_0831

Но, тоа не беше се’

Наградата за трајни музички вредности заслужено припадна во рацете на Драган Каранфиловски- Бојс кој со својата „Валерија“ не’ врати години наназад, посветувајќи ја  Бубамарата на својот доктор кој му помогнал во битката со тешката болест.

DSC_0867

Наградата за спортист на годината заслужено замина во витрините на првата Македонка која што се искачи на покривот на светот, Ирина Арсова.

DSC_0020

Претставата „Вечна куќа“ ја доби наградата за најдобра претстава, Зоран Џорлев за албум на годината. Препознатливата Сара Мејс, според академијата на Бубамара е најперспективна пејачка. А Даниел Кајмакоски со својот прекрасен глас и талент заслужено си замина со наградата откритие на годината.

Интересна група на повозрасни лица со целосна зимска опрема се појавија на сцената во Универзална потсетувајќи на мерката за бесплатно скијање за пензионерите.

DSC_0060

Шеесет и осумгодишната баба Рада доби награда за нејзината емисија.

Со златната бубачка дома си замина и неповторливиот Игор Џамбазов за неговиот одличен концерт, а Тамара Тодевска е пејачка на годината.

DSC_1009

На сцената на Универзална сала во полн сјај блесна и балканската дива Северина која во родната Хрватска ќе се врати со три статуетки и тоа за пејачка, албум и концерт на балканска ѕвезда.

DSCN0387

severina

DSC_0128

Прерасната Катарина Ивановска имаше чест да ја додели наградата за најпопуларен млад актер која падна во рацете на двајца талентирани млади актерски ликови Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски.

DSC_0190

На крајот од вечерта додека градот се подготвува за сон, ние си заминуваме со полно срце, болки во стомакот од премногу смеење и желба за видување со следната полнолетна Бубамара…