Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, Владо Бучковски потенцираше дека било кристално јасно дека по 30-ти јуни 2017-та се што преземало СЈО било спротивно на законот.
-Секој кој што требаше да праша „Зошто“ иако истече рокот од 18 месеци ги терате случаите „Поштенска банка“ и „Империја“ или директорите Унгарци, Грци од Македонскиот Телеком. Никој не можеше гласно да се запраша дали ова е кршење на законот? И тие еден или двајца новинари или неколку експерти, меѓу нив и колегата Гордан Калајџиев кој отворено проговорија и пред начелното правно мислење на Врховниот суд, затоа што не треба да си експерт дури и мои колеги, јас се срамев од дел од фелата кои не сакаа да признаат дека за нешто треба автентично да толкуваш ако е спорно. Тоа беше кристално јасно, дека по 30.01.2017 се што презема СЈО беше спротивно на законот, истакна Бучковски.
Бучковски додаде дека сите знаеле дека СЈО па и вработените таму дека имаат 18 месеци рок за предмети.
-Затоа мислам дека и по оваа хаварија што ја доживеавме многу тешко ќе ја вратиме вербата во правдата, ова направи сериозна хаварија, нанесе сериозни штети на владејачката коалиција и судењето на 3 декември ќе биде сериозен тест за судството, додаде Бучковски.
Тој рече дека е разочаран и од власта.
-Разочаран сум од власта затоа што за две и полгодини не направи ниту една сериозна реформа во правосудството, рече Бучковски