
Поранешниот премиер Владо Бучковски прогнозира дека Зоран Заев ќе ја растури коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатица.
„Јас очекувам Заев да направи Влада со ДУИ, ДПА и со Алтернатива. Тоа се 66 пратеника. За потсетување овие партии се застапени во владата во заминување, министерот за култура Исмаили е од Алтернатива“, вели професорот во изјава за „Вечер“.
Тој смета дека ваквиот состав на Владата може да добива поддршка и од осумте пратеници на Алијансата на Албанците, за Закони кои се реформски.
„За двотретинските реформски закони ќе мора да се најде заеднички јазик и со ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори се за една година, резултатот од нив може да биде шанса за опозицијата (при евентуална нивна победа), да бара предвремени избори“, смета Бучковски.