Односите меѓу Шведска и Унгарија се на ниско ниво, посочи во четвртокот шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и повика Стокхолм да преземе чекори за јакнење на меѓусебната доверба во настојувањата да ја добие поддршката од Будимпешта за членството во НАТО.
Финска и соседната Шведска по децениите декларативна воена неутралност но постојана тесна воено-техничка соработка и учество на заеднички маневри со НАТО побараа членство Северноатлантскиот воен блок образложувајќи го со чувство на загрозеност по руската инвазијата во Украина.
Финска во вторникот стана членка на НАТО, но приемот на Шведска го блокираат членките на блокот Турција и Унгарија. Будимпешта му забележува на Стокхолм за постојаното придружување на критиките од бирократијата на Европската унија и блокирање на ослободување на средства за Унгарија со „постојано ширење лаги“ за состојбата со демократијата и владеењето на правото особено во време на деценискиот мандат на премиерот Виктор Орбан.
Поздравувајќи го влегувањето на Финска, американскиот претседател Џо Бајден ги повика Турција и Унгарија „без одложување“ да ги завршат своите процеси на ратификација на протоколот за пристапување, за Шведска да му се придружи на воениот сојуз.
Гергели Ѓулас, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, ја повтори загриженоста во Будимпешта во врска со шведската кандидатура за НАТО.
Загриженоста се зголеми со неодамнешното придружување на Шведска и Финска на тужбата којашто Европската комисија ја покрена против Унгарија, посочи Гуљас.
„Моменталните односи на Шведска и Унгарија…, исто така, поради оваа интервенција на страната на Европската комисија се на ниско ниво и потребни се чекори за јакнење на довербата. Во таква ситуација единството на НАТО има најголема важност и не е од помош да се воведуваат билатералните дискусии во НАТО“, додаде Гуљас.
Процесот на ратификација на пристапувањето на Шведска се закочи во унгарскиот парламент од јули, а премиерот Виктор Орбан во февруари првпат ја изрази загриженоста од членството на нордиските земји на НАТО.