Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи излезе со нови пикантерии и обвинувања до директорот на ЦУК, Агрон Буџаку, за можна злоупотреба на службената должност и неговото „галантно“ трошење на службени пари. Синдикалците најавија и иницијатива за штрајк за остварување на правата на вработените.
Привремениот вршителот на должноста директор и неговиот „Директорски Кабинет на ЦУК“, поставени од минатата Техничка влада, се повеќе „се заплеткуваат“ во сопствените грешки, недоследности, па најверојатно и во големи лаги и се повеќе почна да се потврдува дека за нивните „директорски оправдувања“ во кои е голема веројатноста дека ја вовлекуваат дури и Владата на Јапонија и други меѓународни организации коишто и помагаат на Македонија во кризниот менаџмент, важи поговорката дека „на лагата и се кратки нозете“. Од друга страна продолжува со неисплаќање и „завлекување“ до бескрај, стекнат додадок на плата за кариера според судска одлука, отпремнина за пензии, законски суми за починати родители на синдикалците и колегите во ЦУК, несоодветна пресметка на дежурствата 24/7 и во празници, и слично, што е дел од агендата и на Синдикатот… а сето тоа под паролата „штедење за доброто на ЦУК“, посочи претседателит на синдикатот на ЦУК, Илија Бојаровски.
Тој, посочувајќи докази, информираше дека Буџаку, во еден ден потрошил 40.740 денари во еден скопски ресторан, пречекувајќи седум делегации (пет од Јапонија и две други). Буџаку тој месец за ресторански услуги потрошил околу 60.000 денари.
Бујаровскки до Буџаку упати и уште неколку прашања, за високиот хонорар од 38.000 денари плус околу 12.000 денари за вонредно залагање на шефот на директоркиот кабинет. На што се должи исплатата на прекувермени часови работа за неговиот „Директорски кабинет“, на што се должи големата експлоатација на возниот парк после работа и речиси редовно и во викенд, на што се должи влошувањето на работната атмосфера и шиканирањето на колеги како во „феудална средина“ или најмалку како да е приватна фирма на „Директорскот кабинет“?
Синдикатот јавно го прашува Буџаку колку чини присвоената техника 10-ина скапи телефони и 2 таблета од 8 до 10.000 евра, колку се троши месечно за гориво за некои од возилата на раководството на ЦУК, притоа информираат дека сметката достигнва и до 40.000 денари.
Оттаму посочуваат дека се надминува и лимитот за трошење во кеш од картичи (само во март се потрошени 24.000 денари.