Буенос Аирес кој има околу 14 милиони жители оди во карантин.
Претседателот Алберто Фернандес, изјави дека ќе ги заостри мерките на карантин во главниот град и периферијата од 1 јули.
„Повторно ќе го затвориме подрчјето на Буенос Аирес за да се намали ширењето на вирусот“, изјави Фернандес.
Од 1 јули граѓаните ќе бидат повторно во карантин во своите домови, а ќе можат да излезат само за набавки.
Според него, карантинот ќе биде на сила до 17 јули, а до тогаш ќе работат само основните служби.
Карантин во Буенос Аирес беше воведен на 20 март, а последните недели тие мерки беа постепено облажувани.
Земјата има скоро 44 милиони жители, а бројот на заразени е 52.444. Досега починаа 1.167 лица.
И во Јужна Америка вирусот брзо се рашири. Најпогоден е Бразил.
Медиумите објавија за село во Перу, каде многу од жителите се заразени, а првата болница е на 8 часа патување со брод.
Во Чиле имаше и социјални немири во ек на пандемијата.